плеќи
плеќите
Вид збор: Именка, множина
Ранг: 2337
1.
Задниот дел од рамената и горниот дел од грбот.
Примери:
И го легна на плеќи.
Му натоварија на плеќи.
Ќе те видам ли на плеќи паднат?
Изрази
(посл.) Дури има плеќи, ќе има и самари.
(посл.) Спроти плеќите - и самарот.
(посл.) Слаб ум, јаки плеќи (нозе).
(разг.) Товар ми падна од плеќи.
Ќе ти ги видам плеќите - ќе ти ги видам силата.
Даде плеќи (војската) - даде поддршка.
Му удри нож в плеќи - постапи подмолно со некого.
Има широки плеќи - може многу да издржи.